Објавени номинациите за 98. издание на „Оскарите“: Филмот „Грешници“ со рекордни 16 номинации
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Академијата за филмски уметности и науки ги објави номинациите за 98. доделување на „Оскарите“, со што официјално започна највозбудливиот дел од филмската година. Свечената церемонија ќе се одржи на 15 март 2026 година во престижниот „Долби“ театар во Лос Анџелес, а телевизискиот пренос ќе го следат милиони гледачи ширум светот.
Водител на овогодишното доделување ќе биде познатиот американски комичар и ТВ-водител Конан О’Брајан, кој за првпат ќе застане на сцената на „Оскарите“. Неговото назначување беше дочекано со позитивни реакции, со оглед на неговиот препознатлив хумор и долгогодишно искуство во живи телевизиски формати.
Овогодишните номинации донесоа и неколку историски моменти. Филмот „Грешници“ влезе во историјата со дури 16 номинации, поставувајќи нов рекорд и наметнувајќи се како најголем фаворит на вечерта. Покрај тоа, Академијата воведе и нова категорија - Најдобар кастинг, со што дополнително се проширува признанието за креативниот процес зад камерите.
Со силна конкуренција, големи актерски имиња и филмови што веќе оставија белег кај публиката и критиката, „Оскарите“ 2026 ветуваат вечер полна со емоции, изненадувања и филмска магија.
Номинациите ја одразуваат широка палета жанрови, од епски драми и историски приказни до оригинални анимации и меѓународни филмови, а оваа година беше додадена и нова категорија за најдобар кастинг.
Во продолжение се номинациите.
Најдобар филм
„Бугонија“
„Ф1: Филмот“
„Франкенштајн“
„Хамнет“
„Марти Суприм“
„Една битка по друга“
„Тајниот агент“
„Сентиментална вредност“
„Грешници“
„Соништа за возови“
Најдобар режисер
Клоe Жао, „Хамнет“
Џош Сафди, „Марти Суприм“
Пол Томас Андерсон, „Една битка по друга“
Јоаким Триер, „Сентиментална вредност“
Рајан Куглер, „Грешници“
Најдобар актер во главна улога
Тимоти Шаламе, „Марти Суприм“
Леонардо Дикаприо, „Една битка по друга“
Итан Хок, „Сина месечина“
Мајкл Б. Џордан, „Грешници“
Вагнер Моура, „Тајниот агент“
Најдобра актерка во главна улога
Џеси Бакли, „Хамнет“
Роуз Бирн, „Да имав нозе, ќе те клоцнев“
Кејт Хадсон, „Сонг Сунг Блу“
Ренате Рејнсве, „Сентиментална вредност“
Ема Стоун, „Бугонија“
Најдобар актер во споредна улога
Џејкоб Елорди, „Франкенштајн“
Бенисио дел Торо, „Една битка по друга“
Делрој Линдо, „Грешници“
Шон Пен, „Една битка по друга“
Стелан Скарсгард, „Сентиментална вредност“
Најдобра актерка во споредна улога
Тејана Тејлор, „Една битка по друга“
Ел Фенинг, „Сентиментална вредност“
Инга Ибсдотер Лилеас, „Сентиментална вредност“
Ејми Мадиган, „Оружје“
Вунми Мосаку, „Грешници“
Најдобро адаптирано сценарио
„Бугонија“
„Франкенштајн“
„Хамнет“
„Една битка по друга“
„Соништа за возови“
Најдобро оригинално сценарио
„Сина месечина“
„Обична случајност“
„Марти Суприм“
„Сентиментална вредност“
„Грешници“
Најдобра оригинална песна
„Dear Me“ од филмот „Дајан Ворен: Неуморна
„Golden“ од филмот „Кеј-поп: Ловци на демони“
„I Lied to You“ од филмот „Грешници“
„Sweet Dreams“ од филмот „Вива Верди“
„Train Dreams“ од филмот „Соништа за возови“
Најдобар анимиран филм
„Арко“
„Елио“
„Кеј-поп: Ловци на демони“
„Малата Амели“
„Зоотропола 2“
Најдобра кинематографија
„Франкенштајн“
„Марти Суприм“
„Една битка по друга“
„Грешници“
„Соништа за возови“
Најдобар кастинг
„Хамнет“
„Марти Суприм“
„Една битка по друга“
„Грешници“
„Тајниот агент“
Целосната листа со номинации можете да ја погледнете
ТУКА.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/YouTube