Оваа европска држава може да ве казни со 200 евра ако прегласно зборувате на мобилен телефон

Оваа европска држава може да ве казни со 200 евра ако прегласно зборувате на мобилен телефон

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Сообраќајниот кодекс во Франција дозволува казнување на лица што користат уреди и инструменти со кои, преку бучава, им го нарушуваат мирот на другите во области што се користат за јавен превоз.

Пред неколку дена во светот одекна веста дека маж во Франција бил казнет со 200 евра затоа што прегласно зборувал на мобилен телефон.

Лицето, познато само по името Давид, разговарало со својата сестра на железничка станица во Нант, Франција, користејќи го звучникот на мобилниот телефон кога го запрела вработена во железничката компанија „Ес-ен-си-еф“ и го замолила да го намали гласот.

Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, Давид мислел дека вработената се шегува. Тој одбил да ја плати казната на самото место, по што таа „пораснала“ на 200 евра. Ангажирал адвокати кои сега се обидуваат да го оспорат плаќањето на казната.

Казни за оние што се гласни


Во Франција не постои закон што експлицитно го забранува зборувањето на мобилен телефон на звучник на јавни места. Сепак, постојат многу јасни прописи за контрола на бучавата.

Францускиот сообраќаен кодекс дозволува казнување на оние што користат уреди и инструменти со кои преку бучава им го нарушуваат мирот на другите на места што се користат за јавен превоз. На пример, казна од 60 евра може да добиете на француската железница дури и ако зборувате погласно на мобилен телефон без да користите звучник.

Извор: n1info.hr
Фото: Freepik