Пронајдена порака во шише стара 82 години

Пронајдена порака во шише стара 82 години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

На плажа во Џерси било пронајдено шише во кое имало порака напишана пред 82 години. Во пораката се барало од оној што ќе го пронајде шишето да испрати фотографија.

Пораката била напишана на 5 септември 1938 година од страна на Џон Стејплфорд од Хертфордшир. Била напишана на задната страна од стара кутија за торта и ставена во стаклено шише. Фирмата што ја направила тортата и компанијата која го произвела шишето порано се наоѓале во Џерси, па многумина сметаат дека пораката била испратена од островот.


Фото: Дејвид Фергусон, jerseyeveningpost.com

Пораката гласела: „Го замолувам пронаоѓачот да комуницира со Џон Стејплфорд, 18 авенија Фицџон, Барнет, Хертс, Англија. Со фотографија.“

Пораката ја пронашол Најџел Хил, кој го шетал своето куче на плажата. Тој морал да го скрши шишето за да ја прочита пораката. Успеал да стигне до дамата што сега живее на адресата оставена во шишето. Таа открила дека Џон Стејплфорд ја купил куќата во 1921 година.


Фото: Дејвид Фергусон, jerseyeveningpost.com

Подоцна Хил открил дека Стејплтон бил роден на 4 август 1889 година и работел како социјален работник и сметководител. Имал сопруга, Нели, а починал на 2 декември 1980, на 91-годишна возраст.

Извор: Independent.co.uk