Град во Бразил ќе го вакцинира целото возрасно население против коронавирусот

Град во Бразил ќе го вакцинира целото возрасно население против коронавирусот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во градот Серана, Бразил, ќе бидат вакцинирани сите возрасни жители против Ковид-19 за да се тестира ефикасноста на вакцинацијата во намалувањето на ширењето на болеста.

Серана има околу 45.000 жители, а според една анкета, околу 10% се заразиле со коронавирусот. Во рамките на планот за вакцинација ќе се вакцинираат околу 30.000 жители за да се види дали и кога ќе може да му се стави крај на ширењето на коронавирусот со помош на вакцинирањето, пренесува Би-би-си.

Масовната вакцинација започнала минатата недела, а сите жители ќе ја примат вакцината произведена од кинеската лабораторија „Синовак“. Сите жители треба да ги примат двете дози за помалку од два месеца.



Извор: bbc.com 
Фото: Pixabay