Пантелеон ГС - компанија што се грижи за перспективата и финансиската сигурност на своите вработени

Пантелеон ГС - компанија што се грижи за перспективата и финансиската сигурност на своите вработени

Пантелеон ГС им отвори можност на професионалните и амбициозни млади луѓе од Македонија да работат за компании од американскиот пазар. Она што ја разликува оваа компанија, која својата работа ја прошири и во Србија, е специфичниот пристап кон вработените. Пантелеон ГС има сериозен фокус на својот тим, како што гласи и нивното мото: „Нашите луѓе се нашиот бренд“ и може да се забележи дека применува политика на отворени врати каде што секој вработен има директен и непречен пристап до менаџментот.

Платите се далеку над стандардните во земјава, па младите повеќе не мора да размислуваат да ја напуштат земјата веднаш по завршување на своето образование. Условите за вработените се специфични, работното време е од 15 часот до 23 часот, односно е приспособено на условите за работа во САД. Просториите се соодветно приспособени за комфор на вработените, а компанијата имајќи го предвид невообичаеното работно време, нуди и конкурентни компензациски пакети и разни придобивки за своите вработени. Свесноста дека Македонија е голем извозник на квалитетен и образован кадар за земјите од Западна Европа и Северна Америка всушност е моторот на оваа компанија да размислува пошироко кога станува збор за креирање успешен тим од македонски професионалци што би работеле за големи глобални компании и проекти.

Присуството на Пантелеон ГС на најразвиените светски пазари всушност не само што ја зајакнува својата компаниска позиција, туку има и импакт како на локално така и на државно ниво. На Македонија ѝ се потребни промени кои подразбираат професионалност и вештина, што несомнено тимот на Пантелеон ГС ја поседува.

Стратешката определба на оваа компанија е и понатаму да привлекува и да вработува амбициозни млади професионалци. Нивната приказна бележи голем напредок од 2020 година кога компанијата е основана и во неа беа вработени 30 луѓе, a денес вработува 116 лица. Согласно последните достапни финансиски извештаи за 2021 година, компанијата остварила приходи од 1,2 милиони ЕУР и добивка од приближно 400.000 евра. Седиштето на компанијата се наоѓа во Скопје, со адреса на ул. Максим Горки 13, кат 2.

Како компанија директно придонесува кон домашната економија нудејќи аутсорсинг-услуги, умствени капацитети и специфични вештини за светските компании. На тој начин задржувајќи ги вработените во рамки на Македонија. Дополнително, искуството кое овие луѓе го стекнуваат при работата со странски професионалци е непроценливо, бидејќи отвора нов свет на знаења кои се едноставно различни од она што го знаеме и можат да бидат од корист во идните професионални ангажмани.

(Комерцијална објава)