Си дошол од одмор и дознал дека е прогласен за мртов: Сега се бори со бирократијата за да докаже дека е жив

Си дошол од одмор и дознал дека е прогласен за мртов: Сега се бори со бирократијата за да докаже дека е жив

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога 34-годишниот Ник Фатурос се вратил дома по подолг одмор, открил дека официјално бил прогласен за мртов.

Овој жител на Монтреал доживеал шок кога отворил писмо кое пристигнало преку пошта и видел известување од министерството за правда дека казната за брзо возење ќе биде наплатена од имотот на починатото лице.

Ник две години престојувал во Костарика и заборавил да ја плати казната од 2022 година.

- Го видов документот и почнав да се смеам. Тешко е да се стапи во контакт со властите. Што ќе се случеше ако мајка ми го отвореше писмото и прочиташе дека сум мртов? - вели тој додавајќи дека сега се бори со бирократијата да докаже дека е жив.

- Понекогаш се случуваат вакви грешки, но тие се ретки. Не само што влијаат врз сообраќајната казна, туку и врз преостанатите работи. Ник се надева дека ќе докаже дека не е мртов - вели неговиот адвокат.

Во меѓувреме, портпаролот на министерството за правда потврди дека „човечка грешка“ имала улога во овој случај.

- Наплатувачот на казни користел погрешен шаблон за кореспонденција. Се извинуваме за целата ситуација. Ќе биде спроведена соодветна комуникација со нашиот граѓанин - велат од министерството.

Извор: Dailystar.co.uk
Фото: Screenshot/CTV News