Страв дека ќе пропуштиме нешто - зошто е почест откако се појавија социјалните мрежи?

Страв дека ќе пропуштиме нешто - зошто е почест откако се појавија социјалните мрежи?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Страв дека ќе пропуштиме нешто (ФОМО – FOMO: fear of missing out) се однесува на чувството или перцепцијата дека другите се забавуваат, живеат подобро или доживуваат поубави работи од нас. Но, тоа не е само чувство дека има нешто подобро што би можеле да го правиме во моментот, туку дека пропуштаме нешто премногу важно што другите го доживуваат во моментот.

Кои негативни емоции можат да го предизвикаат стравот дека ќе пропуштиме нешто?

Експертите сметаат дека оваа појава станува почеста благодарение на социјалните мрежи и дека може да предизвика значителни промени кај повисоките нивоа на стрес. Буквално секој човек е изложен на ризик, но некои се изложени на поголем ризик. Проблемот е што влијанието на овој страв може да се претвори во нарушување, што ги менува карактеристиките на личноста, но и предизвикува низа негативни емоции. Тоа се завист, намалена самодоверба, па дури и омраза, која може да биде двонасочна (и кон другите и кон себе).

Како социјалните мрежи придонесуваат за појавата и развојот на оваа појава?

Идејата дека пропуштаме нешто во животот не е нова. Записи постојат со векови, но ова однесување е научно проучувано само во последните неколку децении. Поточно, од истражувачката работа на маркетинг-стратегот д-р Ден Херман во 1996 година. Тој е првиот што го употреби терминот ФОМО.

Сепак, факт е дека од појавата на интернетот и социјалните мрежи, ФОМО е поочигледен и почесто изучуван. Социјалните мрежи нè доведуваат во ситуација постојано да сме изложени на детали од животот на другите луѓе, па затоа не е толку тешко да почнеме да се споредуваме.

Страв дека нешто ќе пропуштиме и наметнување натпревари за количината на среќата

Кај луѓето кои се склони да го развијат овој страв, чувството за нормалност може да се наруши и тие можат да почнат да мислат дека не прават нешто доволно добро, односно не како што тоа го прават другите луѓе. Социјалните мрежи се еден вид платформа за фалби, лажирање на реалноста, прикажување на работите онакви какви што не се. Тоа е место каде што работите, настаните, па дури и самата среќа повремено се натпреваруваат - чија е поголема и поубава? Луѓето ве предизвикуваат да ги понудите вашите искуства. Ако не се совршени како нивните, ќе почнете да мислите дека нешто пропуштате.

ФОМО и слични концепти

Инспирирани од овој феномен, се појавиле и некои други слични концепти на однесување:

-ФОБО (страв од подобри опции/fear of better options) – страв дека ќе пропуштиме нешто (подобри опции или потенцијално подобри алтернативи)
-МОМО (мистерија на пропуштање/Mystery of Missing Out) – кога се плашите да пропуштите нешто, но немате поим што е тоа
-РОМО (реалноста за пропуштањето/Reality of Missing Out) – изразена свест дека ништо не пропуштате
-ФОЏИ (страв од приклучување/Fear of joining in), односно споделување работи на социјалните мрежи кои ќе останат без коментар, лајкови, реакции...
-ЏОМО (Радост на пропуштање/Joy of missing out) – радост поради пропуштањето и целосна спротивност на феноменот ФОМО, која се однесува на позитивните чувства на пропуштање или исклучување од социјалните медиуми.

Како ФОМО влијае врз депресијата и зголемената употреба на социјалните медиуми

Адолесцентите и луѓето од сите возрасти што користат социјални медиуми можат да го искусат овој страв. Интересно, но овој страв дејствува како механизам што поттикнува поголема употреба на социјалните медиуми.

На пример, девојчињата кои страдаат од депресија почесто ги користат социјалните мрежи, додека за момчињата анксиозноста е поттик за поголема употреба. Луѓето од сите возрасти можат да доживеат ваков страв, според неколку студии. Студија објавена во списанието „Психијатриски истражувања“ покажала дека стравот од пропуштање е поврзан со поголема употреба на паметни телефони и социјалните медиуми и дека оваа врска не е во релација со возраста или полот.

Дигитална детоксикација


Трошењето премногу време на вашиот телефон или апликации може да го зголеми овој страв. Намалувањето на употребата, па дури и моментите на целосна дигитална детоксикација, кога се одморате од дигиталните уреди, може да ви помогне да се фокусирате повеќе на вашиот живот, без постојана споредба со другите.

Ако целосната дигитална детоксикација не е можна, размислете за ограничување на времето на користење. Ќе се чувствувате подобро кога ќе бидете изложени на помалку содржини што ве прават да се чувствувате лошо.

Најдете задоволство во вистинските работи


Подоброто расположение оди рака под рака со чувството на исполнетост и благодарност за она што го имаме. Често, тоа е токму она што ни треба за да се ослободиме од депресивните мисли или анксиозноста. Тоа е корисно за нашето ментално и емоционално здравје и секако ќе ни помогне да се ослободиме од стравот дека ќе пропуштиме нешто.

Извор: Eklinika.telegraf.rs

Фото: Pexels

Страв дека нешто ќе пропуштиме (ФОМО – FOMO: fear of missing out) се однесува на чувството или перцепцијата дека другите се забавуваат, живеат подобро или доживуваат поубави работи од вас. Но, тоа не е само чувство дека можеби има нешто подобро што би можеле да го правиме во моментот, туку тоа е исто така чувство дека пропуштаме нешто фундаментално важно, што другите го доживуваат во истиот момент.

Кои негативни емоции можат да го предизвикаат стравот дека нешто ќе пропуштиме?

Експертите сметаат дека оваа појава станува почеста, делумно благодарение на социјалните мрежи и дека може да предизвика значителни промени, пред се кај повисоките нивоа на стрес. Буквално секој човек е изложен на ризик, но некои се изложени на поголем ризик. Проблемот е што влијанието на овој страв може да се претвори во нарушување, што ги менува карактеристиките на личноста, но и предизвикува низа негативни емоции. Тоа се завист, намалена самодоверба, па дури и омраза, која може да биде двонасочна (и кон другите и кон себе).

Како социјалните мрежи влијаат на појавата и развојот на оваа појава?

Идејата дека пропуштаме нешто во животот, не е нова. Записи постојат со векови, но ова однесување е научно проучувано само во последните неколку децении. Поточно, од истражувачката работа на маркетинг стратегот д-р Ден Херман во 1996 година. Тој е првиот што го употреби терминот „ФОМО“, што одговара на преводот „страв дека нешто пропуштаме“.

Сепак, факт е дека од појавата на Интернет и социјалните мрежи, ФОМО е поочигледен и почесто изучуван. Но и дека овие фактори ја забрзаа оваа појава на неколку начини. Јасно е: присуството на Интернет и социјалните мрежи нè доведува во ситуација постојано да сме изложени на детали од животот на луѓето, па затоа не е толку тешко да почнеме да споредуваме.

Страв дека нешто ќе пропуштиме и наметнување натпревари за количината и совршенството на среќата

Кај луѓето кои се склони да го развијат овој страв, чувството за нормалност може да се наруши и тие можат да станат подложни на влијанието дека не прават нешто доволно добро, односно не како што тоа го прават другите луѓе. Социјалните мрежи се еден вид платформа за фалби, лажирање на реалноста, прикажување на работите онакви какви што често не се во реалноста. Тоа е место каде што работите, настаните, па дури и самата среќа, повремено се натпреваруваат - чија е поголема и поубава? Луѓето всушност ве предизвикуваат да ги понудите вашите искуства. Ако не се совршени како нивните, често може да ве натераат да мислите дека нешто пропуштате. 

„ФОМо“  и слични концепти

Инспирирани од овој феномен, се појавиле и некои други слични концепти на однесување:

-ФОБО (Страв од подобри опции/fear of better options) – страв дека ќе пропуштиме нешто (подобри опции или потенцијално подобри алтернативи)
-МОМО (мистерија на пропуштање/Mystery of Missing Out) – кога се плашите да пропуштите нешто, но немате поим што е тоа
-РОМО (Реалноста за пропуштањето/Reality of Missing Out) – изразена свест дека ништо не пропуштате
-ФОЏИ (Страв од приклучување/Fear of joining in) – страв од приклучување, односно споделување работи на социјалните мрежи кои ќе останат без коментар, лајкови, реакции...
-ЏОМО (Радост на пропуштање/Joy of missing out) – радост заради пропуштањето и целосна спротивност на феноменот „ФОМО“, која се однесува на позитивните чувства на пропуштање или исклучување од социјалните медиуми.

Како „ФОМО“ влијае на депресијата и зголемената употреба на социјалните медиуми

Адолесцентите и луѓето од сите возрасти кои користат социјални медиуми можат да го искусат овој страв. Интересно, но овој страв, исто така делува како механизам што поттикнува поголема употреба на социјалните медиуми.

На пример, девојчињата кои страдаат од депресија почесто ги користат социјалните мрежи, додека за момчињата анксиозноста е таа која е поттик за поголема употреба. Луѓето од сите возрасти можат да доживеат ваков страв, според неколку студии. Студија објавена во списанието „Психијатриски истражувања“, покажала дека стравот од пропуштање е поврзан со поголема употреба на паметни телефони и социјалните медиуми и дека оваа врска не е во релација со возраста или полот.

Негативни влијанија врз тинејџерите

Адолесцентите и помладите луѓе може да бидат особено подложни на ефектите на „ФОМО“. Постојаното гледање содржини во кои пријатели, роднини, па дури и непознати луѓе објавуваат различни детали од својот живот на социјалните мрежи, може да доведе до споредби и интензивен страв да не го пропуштат сето тоа.

Истражувањата сугерираат дека за некои тинејџери, овој страв може да биде поттик за следните состојби:

-анксиозност
-депресија
-ниска самодоверба
-други ризични однесувања.

Како да се справите со оваа состојба

Промена на фокусот

Наместо да се фокусирате на она што ви недостасува, обидете се да забележите што имате. Точно, тоа е полесно да се каже отколку да се направи на социјалните мрежи, каде што сме бомбардирани со слики од работи што ги немаме. Но, на тоа може да се „работи“. Додадете повеќе позитивни луѓе во вашиот живот, избегнувајте ги оние кои се фалат на агресивен начин, но не успеваат да ги пофалат или поддржуваат другите. Следете содржини што ве мотивираат да се чувствувате добро, а не лошо.

Дигитална детоксикација

Трошењето премногу време на вашиот телефон или апликации, може да го зголеми овој страв. Намалувањето на употребата, па дури и моментите на целосна таканаречена дигитална детоксикација кога се одморате од дигиталните уреди, може да ви помогне да се фокусирате повеќе на вашиот живот, без постојана споредба со другите.

Ако целосната дигитална детоксикација не е можна, размислете за ограничување на времето на користење. Ќе се чувствувате подобро кога ќе бидете изложени на помалку содржини, што ве прават да се чувствувате лошо.

Водење дневник

Вообичаено е да објавувате на социјалните мрежи сè што се случува со вас, најмногу за забавните работи што ги правите. Сепак, можеби нема да ја доживеете очекуваната реакција. Тука е и најголемата замка: сè што правите треба прво да ве исполни вас, а не другите луѓе.

Вежбањето може да ви помогне да го префрлите вашиот фокус од јавното одобрување или пофалби (лајкови), кон наоѓање причини за сопственото задоволство кога повторно ќе читате за тоа што ве исполнило.

Фокусирајте се на благодарноста и најдете задоволство во вистинските работи

Подоброто расположение оди рака под рака со чувството на исполнетост и благодарност за она што го имаме. Често, тоа е токму она што ни треба за да се ослободиме од депресивните мисли или анксиозноста. Тоа е корисно за нашето ментално и емоционално здравје и секако ќе ни помогне да се ослободиме од стравот дека нешто ќе пропуштиме.