Задолжителна ли е дезинфекција на градинките и училиштата во кои се гласаше во неделата?

Задолжителна ли е дезинфекција на градинките и училиштата во кои се гласаше во неделата?

Во ходниците и холовите на училиштата и градинките, фискултурни сали, како и во просториите за гласање за претседателски избори во градинките и во училиштата во неделата поминаа многу луѓе. И несомнено објектите беа изложени на нечистотија, бактерии и вируси. Еден ден подоцна во нив влегоа дечињата. Директорите сами одлучувале како ќе постапат кога станува збор за хигиената во објектите, во меѓупросторот од 10 часа кога биле ослободени објектите. Така, некои претходно организирале да се направи дезинфекција, други – темелно чистење, а во некои објекти се поминало со тековното утринско чистење.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.