Белгиец бил ослободен од обвинението за возење во пијана состојба поради ретко нарушување

Белгиец бил ослободен од обвинението за возење во пијана состојба поради ретко нарушување

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Белгиски државјанин бил ослободен од обвинението за возење во пијана состојба бидејќи боледува од ретко нарушување познато како синдром АБС, поради што телото на заболениот само произведува алкохол.

Неговиот адвокат Ансе Гескиер вели дека иако е несреќна случајност што клиентот работи во пиварница, тројца лекари кои одделно го прегледале потврдиле дека боледува од АБС синдром.

Белгиските медиуми наведуваат дека во пресудата, судијата нагласил дека обвинетиот не почувствувал симптоми на алкохолна интоксикација.

Лиза Флорин, клинички биолог од белгиската болница „Сент Лук“, објасни дека луѓето што страдаат од овој синдром произведуваат ист вид алкохол како во алкохолните пијалаци, но генерално ги чувствуваат ефектите значително помалку.

Луѓето не се раѓаат со ова нарушување, но можат да го развијат кога имаат друга болест поврзана со цревата. Пациентите може да имаат симптоми слични на алкохолна интоксикација, како што се нејасен говор, сопнување, губење на моторните функции, вртоглавица и подригнување.

Извор: The Guardian
Фото: Pexels