Cите на Водно на 17 мај - следува најмасовниот Sparkasse life Прв до врв!

Cите на Водно на 17 мај - следува најмасовниот Sparkasse life Прв до врв!

На 17 мај 2026 планината Водно ќе биде центар на енергија, спорт и заедништво со 14. издание на најмасовниот спортско-рекреативен настан во земјата Sparkasse Life Прв до врв.

Ова е повик до сите: рекреативци, професионалци, семејства, компании, пријатели... да станат дел од овој настан што не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на планината, на спортот и рекреацијата во пет натпреварувачки категории до врвот на Водно:

• планинско трчање (4,5 км)
• планински велосипедизам (9 км)
• друмски велосипедизам (11,4 км)
• е-бајк (9 км)
• тим-билдинг трка за компании: Summit Run (4,5 км)

Без разлика дали се натпреварувате или учествувате рекреативно, целта е иста: да стигнете „прв до врв“ и да бидете дел од најмасовното искачување на Водно и енергијата што секоја година ја создаваат илјадници учесници.

- Горди сме што и годинава ја продолжуваме традицијата на Sparkasse Life – Прв до врв, што во своето 14. издание прераснува во еден од најпрепознатливите спортско-рекреативни настани во земјата. Настанот ја рефлектира нашата посветеност кон одржливо работење, кон развој на здрави навики, поддршка на спортот и градење силна и поврзана заедница – вредности во кои ја гледаме иднината – изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка, главен поддржувач на настанот.

Трките во велосипедизам ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на град Скопје со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат директно пред училиштето во 10:00 часот. Патеките вклучуваат контролни точки кај полицијата, на Средно Водно и пред целната линија на врвот.

Секој што ќе ја заврши трката, добива финишер медал. Предвидени се и медали во сите старосни групи и во машка и во женска конкуренција, под услов да има најмалку три учесници по категорија. Шпаркасе Банка повторно обезбедува награден фонд од 1.000 евра за нови рекорди.

Настанот привлекува сè повеќе учесници од странство, а веќе се пријавени учесници од Германија, Србија, Италија, Бугарија и од САД, што му дава меѓународен дух на предизвикот.

Втора година по ред, преку платформата за млади Vibe On на Шпаркасе Банка, се отвора дополнителна можност за младите да бидат дел од ова уникатно спортско доживување. Доколку имаш активна Vibe On сметка, редовно го искачуваш Водно и си во одлична кондиција, избери ја својата категорија и обезбеди учество на трката по специјална цена со попуст.

Шпаркасе Банка континуирано инвестира во иницијативи што ги поттикнуваат младите кон здрави навики, физичка активност и позитивен начин на живот.

На врвот ве очекува пикник, музика, дружење и атмосфера што го претвора искачувањето во вистинска прослава. По забавната програма ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците.

Пријава со сувенир маичка е можна до 5 мај, а крајниот рок за пријавување е 10 мај.

Сите на Водно! Пријавете се на: www.prvdovrv.mk/prvdovrv

(Комерцијална објава)