Естонија формира база на ДНК-податоци за превенција од хронични болести

Естонија формира база на ДНК-податоци за превенција од хронични болести

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска



Естонија, земјата што предничи во технолошките иновации, формира база на податоци со генски записи за повеќе од 150.000 свои сограѓани, односно повеќе од 15 проценти од населението, за да ја подобри превенцијата на хрoничните заболувања.


ДНК спирала
(Фото: Pixabay)


Истражувачите на Националниот центар за геноми имаат намера да ги регистрираат гените на 11,7 проценти од населението од вкупно 1,3 милион жители на Естонија.

Проектот беше покренат на почетокот од оваа година со буџет од 5 милиони евра во знак на одбележување на стогодишнината од државноста. Проектот исто така ќе овозможи воспоставување на генски карти со лични анализи на генотипот за сто илјади волонтери.

„Колку повеќе располагаме со генски податоци, ќе имаме повисока прецизност во истражувањата и побрзо ќе можеме да ги откриеме генските варијации што се поврзани со заболувањата“, истакна портпаролката на геномскиот центар „Анели Аник“.

Во оваа база на податоци ќе бидат вклучени и генските податоци на повеќе од 52.000 Естонци што се собрани од создавањето на центарот во 2001 година.

Волонтерите можат да ги остават своите ДНК-примероци во болниците или во приватните лаборатории „Синлаб“, кои се партнери на проектот. Лабораторијата исто така постави шатори на места на спортски натпревари за да собере доброволци за ДНК-примероци.

На доброволците им беше кажано дека лабораторијата нема право да ги користи нивните генски податоци за проверка на нивните семејни врски, затоа што истото значи повреда на приватноста на други лица.