Финска повторно ќе експериментира со нов универзален основен приход?

Финска повторно ќе експериментира со нов универзален основен приход?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Новоизбраната централнолевичарска влада во Финска, прва од ваков вид во една деценија, се очекува да одобри нов експеримент за универзален основен приход, откако претходниот експеримент не успеа.

Институцијата за социјално осигурување на земјата во моментов подготвува извештај за пилот-проектот за основен минимален приход што ќе биде објавен наредната пролет. Овој експеримент ќе тестира 2.000 случајно избрани невработени лица на кои ќе им дава месечна исплата од 560 евра, за да види дали ќе добијат мотивација да пронајдат работа.

Првичната анализа сугерира дека експериментот не го зголеми вработувањето, но го подобри целокупното здравје и обезбеди податоци за похрабри експерименти, како што е негативниот данок на приход. Хелсинки сега размислува за проширување на програмата за вклучување на различни целни групи - родители и студенти, за да види како основниот приход ги погодува луѓето што извршуваат работа што можеби не сакаат да ја работат или, пак, заработуваа малку.

И Италија воведе политика за основен приход, а Шкотска во моментов го разгледува експериментот со основен приход и размислува за пилот-проекти во Глазгов, Единбург, Фајф и во Северен Ејршир.

- Шкотската влада е посветена на намалување на сиромаштијата и справување со нееднаквоста - изјави секретарот на заедниците, додавајќи дека шкотската влада внимателно ги следи проектите за основен приход.