ОЗОН има потреба од Машински инженер - практикант на определно време

ОЗОН има потреба од Машински инженер - практикант на определно време

Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – ПРАКТИКАНТ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Озон има потреба од машински инженер - практикант, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе се стекне со можност за обука и вработување како конструктор за изработка на техничка документација за производство на машини и производи за климатизација и други производи.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

- Студент или Завршен Машински Факултет - ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
- Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad”, “Autocad Inventor” или “Solidworks”
- Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
- Солидно познавање англиски или германски јазик
- Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

За следниве работни задачи

- Водење планови за производство, изработка на листи, обука за работа во “CAD/CAM” софтвер, пратење на производствен тек, извршување работни задачи од претпоставени
- Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
- Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата
- Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди
- Организација и архивирање документација за тековната работа
- Изработка на извештаи
- Примена и реализација на современи решенија и технологии
- Контрола на квалитет

Се добиваат следниве услови за работа

- Редовни примања во текот на практикантската работа
- Вработување на неопределено време за избраните квалитетни кандидати
- Можност за обука и стекнување нови знаења
- Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања
- Награди за квалитетно извршување на работните задачи

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk