Македонците посклони да веруваат во теории на заговор за Ковид-19 од Новозеланѓаните

Македонците посклони да веруваат во теории на заговор за Ковид-19 од Новозеланѓаните

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали довербата во владите може да ги спречи граѓаните да веруваат во теории на заговор за Ковид-19? Ана Стојанов, социјален психолог од Универзитетот во Отаго направила анкета на учесници од Нов Зеланд и Македонија за да ја тестира оваа теорија.

Владите низ светот преземале помалку или повеќе успешни мерки против Ковид-19. Истовремено, луѓето насекаде сведочат за појавувањето на многу теории на заговор поврзани со вирусот. Има такви според кои коронавирусот е биолошко оружје, алатка за контрола на населението и план за профит на големите фармацевтски компании.


Фото: Pixabay

Овие идеи не се многу веројатни за оние кои не веруваат во нив, но се чини дека теориите на заговор може да служат за друга психолошка намена, а тоа е признавањето дека луѓето имаат потреба да го контролираат светот.

Ковид-19 има невидено влијание на нашите животи. Не е чудно што се обидуваме да најдеме смисла во оваа нова реалност. Психолошката литература посочува дека во многу стресни и непознати ситуации, луѓето се мотивирани да го вратат чувството за контрола врз светот со наоѓање шаблони во настаните. Теориите на заговор понекогаш звучат веројатни затоа што нудат објаснување за ситуации кои не може да се објаснат.

Аналогно објаснување на оваа хипотеза може да биде една чаша полна со вода која ја претставува идеалната состојба на ред и контрола. Под претпоставка дека ни е потребно одредено постојано чувство за контрола, кога нашата чаша ќе се испразни (како во пандемијата), се обидуваме да ги задржиме перцепциите за ред и контрола со барање други извори на ред и контрола кои не се поврзани со нас. Можеби ние не ја контролираме ситуацијата, но работите се помалку хаотични кога некој друг ја има контролата.


Фото: Pixabay

Во анализата на Стојанов било откриено дека кризата повеќе влијаела на испитаниците во Нов Зеланд кои сметале дека имаат помала контрола над нивниот живот. Овие учесници почесто верувале во теории на заговор, што ја поткрепило идејата дека недостатокот од лична контрола може да поттикне верување во теории на заговор.

Секако, има и други начини на кои луѓето може да ја вратат личната контрола. На пример, доколку Владата се смета за силна и доволно способна за да се справи со криза, теориите на заговор можеби нема да имаат исто влијание.
За да се тестира оваа идеја, истиот прашалник кој им бил доделен на студенти на Универзитетот во Отаго бил спроведен и на жители на Македонија. Во споредба со учесниците од Нов Зеланд, кои донекаде се согласувале дека Владата добро се справила со кризата, македонските учесници донекаде го немале истиот став.

Во однос на теориите на заговор, генерално учесниците во двете земји не ги поддржувале многу овие идеи. Сепак, Македонците се посклони да веруваат во нив бидејќи генерално не можеле да оценат дали се точни или не. Учесниците од Нов Зеланд, почесто ги оценувале како неточни.

Автор: Ана Стојанов
Извор: newsroom.co.nz