Зошто некои Австралијци гласаа во костими за капење?

Зошто некои Австралијци гласаа во костими за капење?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку гласате, правете го тоа со стил. На тоа се одлучиле некои жители на Австралија кои гласаа на изборите кои се одржаа во саботата. Имено, повеќе гласачи го остварија своето демократско право само во костим за капење.

Причината не е обично жешкото време во земјата, туку станува збор за ПР-кампања од брендот на костими за капење „Баџи смаглер“ (англ. Budgy Smuggler).



Компанијата напишала во објава на „Инстаграм“ минатата недела дека ќе им додели ваучери од 65 австралиски долари на гласачите кои ќе се сликаат како гласаат во костим за капење и ќе ја објават фотографијата на социјалните мрежи користејќи специјален хаштаг.

Околу 11 часот наутро, компанијата напишала дека веќе имало 100 гласачи кои гласале во костим за капење.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)