Син ми има една година и не се врти кога го викам по име. Дали е рано да се обратам на логопед, дефектолог?
Син ми има една година и три недели. Роден е предвреме. Кога ќе се заигра дома или кога е надвор во количка, не се врти кога го викнам по име. Треба да викнам 3-4 пати за да се заврти. Не плеска со рачињата, многу пати имам пробувано, но едноставно не сака. Ако запеам песна која ја сака, се врти и ми се смее. Кажува мама, баба, деде, тате, ајде, не, да. Кога ќе го прашат каде е мама, се врти накај мене. Кога наполни 10 месеци, почнав на работа, па почна повеќе време да поминува со бабите. До 10 месеци го носев на невролог и педијатар/неонатолог и сите испитувања беа во ред.
Има ли простор за грижа што не се врти кога ќе го викнам, дали е рано да се обратам на логопед, дефектолог?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк