Полната „цветна“ Месечина ќе го осветли небото оваа недела

Полната „цветна“ Месечина ќе го осветли небото оваа недела

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Љубителите на небото имаат во што да уживаат оваа недела: нѐ очекува „цветна“ полна Месечина.

Полната Месечина во мај е позната и како „цветна“ Месечина бидејќи се појавува кон крајот на пролетта, кога многу цветни растенија почнуваат повторно да цветаат по нивниот зимски сон.

Најдоброто време за набљудување на Месечината е вечерва бидејќи ќе биде под хоризонтот во некои региони.

Во некои делови од светот полната Месечина ќе се приближи толку блиску до светлата ѕвезда Антарес, што ѕвездата ќе изгледа како да исчезнува зад Месечината.

Се смета дека името на цветната Месечина потекнува од народот Алгонкин, кој живее во Канада и во делови од североисточниот дел на САД. Древните народи смислиле неколку креативни имиња за полната Месечина, со што се означува доаѓањето на потоплото време и новиот живот.

Преостанати полни Месечина во 2024 година

Од 12 полни Месечини оваа година, настаните во септември и октомври ќе се сметаат за супермесечини.

Дефинициите за супермесечина може да варираат, но терминот генерално означува полна Месечина која е поблиску до Земјата од нормалното и затоа изгледа поголема и посветла.

Некои астрономи велат дека феноменот се случува кога Месечината е на 90 отсто од перигејот - нејзиниот најблизок пристап до Земјата во орбитата.

Извор: CNN
Фото: Instagram