Теоријата за релативитет на Ајнштајн докажана надвор од нашиот соларен систем

Теоријата за релативитет на Ајнштајн докажана надвор од нашиот соларен систем

Тврдењата на Алберт Ајнштајн се докажаа како вистинити на навистина спектакуларен начин.

Имено, научниците направија прецизно тестирање на начинот на кој функционира гравитацијата надвор од нашиот соларен систем. Ова е прв пат теоријата за релативитет на Ајнштајн да биде тестирана во толку голем размер.

Теоријата на релативитет првпат била прикажана во 1915 година. Но, нејзините импликации се големи и затоа таа никогаш не била целосно тестирани.

Покрај тоа, научниците се потпираат на нејзе за да го објаснат чудното однесување на нашиот универзум. Новата студија покажува дека не грешеле што го правеле тоа.

На пример, научниците знаеле од 1929 година дека универзумот се шири, но во 1998 година утврдиле дека ширењето се забрзало и дека се одвива многу побрзо за разлика од минатото. Тоа може да има смисла само ако универзумот е полн со мистериозната супстанца наречена темна енергија, но тоа се потпира на тоа дека општата теорија за релативитет е точна на степен на галаксии.

Фото: Pixabay

Така, нашето разбирање на универзумот се потпира на точноста на општата теорија на релативитет.

За да го проверат тоа, тим од астрономи погледнале длабоко во вселената, користејќи блиска галаксија како гравитациона леќа. Тоа им овозможило да ја тестираат гравитацијата во астрономски размери.

-Општата теорија на релативитет предвидува дека масивни објекти го деформираат простор-времето, ова значи дека кога светлина ќе мине во близина на светлосниот пат на друга галаксија, патот на светлината скршнува. Ако две галаксии се израмнети согласно нашиот видик, ова може да даде повод за феномен каде гледаме повеќе слики од позадинската галаксија. Ако ја знаеме масата на галаксијата во преден план, тогаш количината на одделување меѓу повеќето слики ни кажува дали теоријата за релативитет е точна теорија за гравитацијата во галактички размери - вели Томас Колет од Институтот за космологија и гравитација при Универзитетот во Портсмут.