Факултети.мк и Деца.мк имаат потреба од практиканти новинари

Факултети.мк и Деца.мк имаат потреба од практиканти новинари

Можност за пракса за сите студенти по Новинарство и Дигитални медиуми. Доколку сакаш да бидеш дел од медиум која е лидер во медиумскиот простор во Македонија и ако другаруваш со креативноста, би сакале да те запознаеме.

Што ќе бидат твоите задачи?

Како практикант ќе пружаш поддршка на новинарската редакција на факултети.мк и деца.мк. Ќе спроведуваш дел од новинарските активности под менторство и со поддршка на сите членови од редакцијата. Помага во истражувањето, изнаоѓањето ресурси за новинарските стории и самостојно работи на дел од истите.

Што очекуваме и дали треба да имаш искуство?

Да си енергична личност со желба за учење. Да се одликуваш со исполнителност, посветеност и педантност во извршувањето на обврските. Да бидеш добро информиран/а и во тек со случувањата во образованието во земјава и странство. Да бидеш вешт/а во истражување различни теми и со одлични комуникациски вештини.

Пожелно е да ги исполнуваш следниве услови:

Да си студент по Новинарство или Дигитални медиуми, книжевност или други области кои вклучуваат пишување и креирање наративни целини
Да поседуваш солидно ниво на пишувачки способности
Да си активен корисник на социјалните мрежи и да знаеш да креираш/препознаеш квалитетна содржина за истите

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

Остваруваш брза самостојност во работата
Даваш конструктивни предлози за подобрување на содржината

Нудиме:

Покриени трошоци од 9.000 денари месечно за време на праксата
Можност за вработување по завршувањето на праксата
Работа со искусен тим од кој може да се научи многу
Простор за развој на сопствените идеи

Како да се пријавиш?

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на job@fakulteti.mk, со назнака за позицијата за која аплицираш.
Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.