Во тек е оглас за вработување 500 образовни асистенти за поддршка на децата со попреченост на училиште. Ќе земаат плата од 24.000 денари

Во тек е оглас за вработување 500 образовни асистенти за поддршка на децата со попреченост на училиште. Ќе земаат плата од 24.000 денари

Во тек е јавен оглас за вработување 500 образовни асистенти кои ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава. Врвна цел на МОН е да обезбеди образование достапно за секое дете, поддршка и почитување во училницата, но и да изгради општество кое има високоразвиена свест за почитување и прифаќање на различностите, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со националните инвалидски организации, родителите на децата со попреченост и самите деца, директорките од основните училишта со ресурсен центар и националниот координатор на телото за процена по МКФ.

- Една од главните приоритетни цели на МОН е новата учебна година да стартува со зајакнати капацитети и поддршка, со кои ќе обезбедиме вклученост на децата со попреченост во редовната настава. Ова го овозможуваме преку низа активности кои ги реализираме и во самите училишта и во креирањето на новите материјали за учење, според новата концепција, но и со создавање инклузивни тимови кои ќе им бидат поддршка на учениците во училниците. За таа цел, во тек се јавни огласи, за што во буџетот на МОН се веќе обезбедени 59 милиони денари, со што првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти. Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето-плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“ - рече Царовска.

Фото: МОН