Корисни трикови за тастатура што треба да ги знаете

Корисни трикови за тастатура што треба да ги знаете

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Не морате сите работи на компјутер да ги правите со помош на глувче. Вашата тастатура може да направи многу повеќе, а ова се само неколку примери.

Триковите функционираат само на оперативниот систем „Мајкрософт“ за десктоп-компјутери и лаптопи. Сите работат на „Виндоус 10“, а повеќето и на постари оперативни системи.

Висок контраст: Shift+Alt+Print


Oвој трик отвора прозорец што ви овозможува да ја активирате опцијата за висок контраст која ќе ја зголеми големината на буквите во сите отворени прозорци и ќе ги промени боите во висок контраст. На пример, десктопот ќе стане црн, а црните букви бели. Притиснете ја истата комбинација на копчиња за да се вратите во претходната состојба.

Свртете го екранот: Crtl+Alt+стрелките за горе, долу, лево и десно


Овој трик нема да функционира на сите компјутери бидејќи зависи од тоа дали вашата графичка картичка и видео-драјвер ја поддржуваат оваа опција. Ако сакате оваа промена да ја задржите засекогаш, тогаш отворете Settings (копчето за „Windows“+I), па отворете „System“ и потоа „Display“. Под „Orientation“ можете да ја изберете опцијата што ви одговара.

Префрлање од еден на друг отворен прозорец: Alt+Tab


Ако сакате да работите со повеќе отворени прозорци, не мора постојано да го користите глувчето за да се префрлате. Оваа опција ви овозможува тоа да го правите и со помош на тастатурата.

Бришете без потврда: Shift+Del

Доколку ви здосади постојаното потврдување дека сакате нешто да избришете, користете ја оваа опција.

Прикажување на десктоп/враќање на отворениот прозорец: копчето за „Windows“+D


Ако треба набрзина да побарате нешто на десктоп, не морате да ги затворате или минимизирате прозорците. Искористете ја оваа опција.

Заклучување на системот: копчето за „Windows“+L


Не оставајте го компјутерот незаклучен. Искористете ја оваа опција.

Исклучете го компјутерот: копчето за „Windows“+ X,U,I/U/R/H/S


Комбинацијата на „Windows“ и X ќе отвори „Quick Acces“, комбинацијата со U ќе ја отвори опцијата „Shut Down“ или „Sign Out“. R ќе го рестартира, H ќе го стави во хибернација, а S ќе го испрати на спиење.

„Google Chrome“ и „Mozilla Firefox“


Корисни кратенки за популарните веб-пребарувачи

Преминете на отворени табови:
Ctrl+ [tab#1-9]

Наместо скролање по сите отворени табови, отворете го оној што ви треба. Да речеме потребно ви е да го отворите четвртиот таб. Во тој случај притиснете Ctrl+4, додека Ctrl+9 ќе ви го отвори последниот отворен таб без оглед на тоа колку табови имате отворено.

Навигирање по табовите: Ctrl+Tab или Ctrl+Shift+Tab

Корисно кога имате отворено многу табови. Првата комбинација овозможува движење од лево на десно, а втората обратно.

Затворете таб: Ctrl+F4.

Брз и ефикасен начин на затворање табови без користење глувче.

Отворете ги затворените табови: Ctrl+Shift+T

Случајно го затворивте табот? Нема проблем: оваа комбинација ќе го врати.

Скролање без глувче: Shift+Space

Добар начин за листање на веб-страниците без глувче.

„Microsoft Office“


„Excel“

Затворање табела: Ctrl+W
Отворање табела: Ctrl+O
Избирање боја за пополнување: Alt+H,H

„PowerPoint“

Промена на големина за избран текст: Alt+H,F,S
Ставање слика: Alt+N,P
Ставање форма: Alt+H,S,H
Ставање тема: Alt+G,H
Избирање изглед на слајдот: Alt+H,L

„Outlook“

Нова порака: Ctrl+Shift+M
Одговор: Alt+H,R,P
Испраќање порака: Alt+S
Стави датотека: Alt+N,A,F

„Word“

Затвори активен прозорец или документ: Ctrl+W
Направи ги сите букви големи: Ctrl+Shift+A
Зачувај како: Alt+F, A
Прикажи низ цел екран: Alt+W, F