Овој смрдлив цвет привлекува голем број посетители

Овој смрдлив цвет привлекува голем број посетители

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Загрозеното растение „труп-цвет“, познато по силниот мирис на распаѓање, процвета во Ботаничката градина на Универзитетот во Варшава и привлече голем број посетители.

Растението испушта интензивен мирис на распаѓање, цвета еднаш на неколку години и потекнува од островот Суматра во Индонезија. Мирисот служи за да привлече опрашувачи како што се месојадни бумбари и муви кои вообичаено се хранат со мртви животни.

Цветањето трае многу кратко - еден до два дена.

Овој редок настан беше втор по ред во оваа градина - првично цветаше во 2021 година, а растението е донирано од граѓанин кој веќе не можел да се грижи за него.

 

Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC