Дали новиот автономен метро-систем на Доха е иднината на јавниот превоз?

Дали новиот автономен метро-систем на Доха е иднината на јавниот превоз?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Меѓународната фирма за дизајн „УНСтудио“ ја заврши првата фаза од Проектот за интегрирана железница во Катар, што на Доха му го донесе еден од најбрзите системи со автономни возови во светот, со 37 станици и три метро-линии.

„УНСтудио“, во соработка со одделот за архитектура на Катар Рејл, беше пријавен да направи „Прирачник за архитектонска градба“ за овој амбициозен проект. Документот со повеќе од 2.000 страници е широк сет на упатства за дизајн, детали и материјали, што овозможува најефикасно дизајнирање и изградба на метро-станиците, притоа обезбедувајќи ги просторниот квалитет и идентитетот на мрежата.

1

Клучната цел на новиот метро-систем е да ја поттикне употребата на јавниот превоз како сигурна и чиста алтернатива на приватните начини на транспорт. За да го обезбеди ова, биле искористени принципите за урбан дизајн за да се направат станиците и да се создадат јавни простори што ќе го подобрат искуството на пешаците и ќе создадат нови навики за заедницата.

33

4

Дополнително, Прирачникот за архитектонска градба служи за поставување постојан идентитет на метро-системот низ сите размери, од одделни станици до целата мрежа. Ова ѝ овозможува на мрежата веднаш да биде препознаена и да служи како трајно потсетување на граѓаните за поздрава алтернатива од приватниот превоз.

- Ќе се движиме поинаку во иднина. Мобилноста брзо се менува, од воведување автономни возила до урбани жичници и хајперлуп. Мобилните центри на иднината треба да одговорат на овие потреби и да ги задоволат. За да се поттикне употреба на поодржливи форми на транспорт, овие станици не само што треба да обезбедат непречен проток на патници, туку треба и да ѝ се допаднат на јавноста; да бидат места што луѓето ќе сакаат да ги посетат и каде што ќе сакаат да се вратат - вели Бен Ван Беркел од „УНСтудио“.

5

6

Со помош на висококвалитетни материјали и робусни детали, дизајнот на „УНСТдуио“ за новата метро-мрежа во Доха го охрабрува населението да прифати поодржлив начин на транспорт. Доколку системот се покаже успешен, тој може да претставува преседан за иднината на јавниот превоз во метрополите низ целиот свет.

Извор: Architizer.com
Фото: UNStudio