Роботот Софија одржа онлајн предавање за ученици

Роботот Софија одржа онлајн предавање за ученици

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Хуманоидниот робот Софија неодамна одржал онлајн предавање за ученици на возраст од 6 до 18 години од областа на компутациона биологија.

Софија и нејзиниот креатор Дејвид Хенсон, главен извршен директор на „Хенсон роботикс“, соработувале со компанијата за онлајн образование БИЏУ (BYJU) за да одржат предавање пред над 1.100 ученици во август. Предавањето било одржано во рамки на виртуелен летен камп организиран од компанијата.

Самото предавање вклучувало кратка десетминутна лекција од Софија, по што следувал 20-минутен дел за прашања. Преостанатиот дел од предавањето бил воден од Хенсон. Предавањето било можност за децата да научат како да живеат во хармонија со вештачката интелигенција.

- Ако ја направиме нашата технологија премногу далечна, тоа ги разделува луѓето и нѐ дехуманизира. Самите се подобруваме со хуманизирање на нашата технологија и прашување како може да направиме технологијата да го одразува најдоброто од човештвото - изјавил Хенсон.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)