9 години и 20 милијарди подоцна отворен е кинескиот прекуморски мост

9 години и 20 милијарди подоцна отворен е кинескиот прекуморски мост

Подготвил: Тамара Гроздановски

Иако има намена да ги поврзи најпросперитетните региони во Кина заедно, најдолгиот мост во светот е мета и на критики.

Најдолгиот мост во светот се отвори денес и тој ги поврзува Хонг Конг, Макао и Кина девет години по изградбата, но критичарите велат дека не многу луѓе ќе можат да го користат. Отворањето доаѓа во време кога Пекинг се обидува да го заостри своето владеење на неговите полуавтономни територии.

Преминот долг 55 километри, во кој е вклучен извонреден патен мост и подводен тунел, е поврзница меѓу азиската финансиска метропола Хонг Конг и Макао со кинеската провинција, Гуангдонг.

Мостот е втор голем инфраструктурен проект што го поврзува Хонг Конг со континентална Кина. Критичарите велат дека мостот вреден милијарди долари е уште еден начин да се интегрира Хонг Конг во Кина, како што растат стравовите дека ќе се уништи негуваната слобода на градот.

1
Фото: АР


Супермостот ќе биде отворен за сообраќај утре, еден ден по церемонијата. Градбата започнала во 2009 година и со него се поврзани голем број контроверзии како одложување, пречекорување на буџетот, обвиненија за корупција и смрт на градежни работници.

Церемонијата за отворање на мостот беше најавена минатата недела од политичарите, но транспортните компании се пожалија дека се изоставени.

Поддржувачите на проектот го промовираат како инженерско чудо што ќе го зајакне бизнисот и ќе го намали времето за патување, додека други го сметаат за политички чекор и скап „бел слон“.

Жителите на Хонг Конг ќе добијат дозвола сза влез во Жухаи со автомобил ако ги исполнуваат високо селективните критериуми, односно ако имаат одредена позиција на копно или давање придонеси за добротворни организации во јужната кинеска провинција Гуандонг. Повеќето луѓе по мостот ќе можат да патуваат со приватни автобуси. Возачите на притавните автомобили ќе можат да го користат доколку успеат да добијат посебна дозвола, а јавниот превоз нема да може да патува низ мостот.

2
Фото: AFP


Жителите на Хонг Конг го критикуваат мостот велејќи дека е губење на пари на народот, а луѓето кои се залагаат за заштита на загрозениот кинески бел делфин, велат дека мостот предизвикал опаѓање на бројот на овие животни.

-Толку голема инвестиција користејќи ги парите на народот, а не е отворена за нас - коментираат луѓето.