Би го продале ли своето лице за 125 илјади долари?

Би го продале ли своето лице за 125 илјади долари?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Мистериозна роботичка компанија има необичен предлог - сака да му плати некому 125.000 долари во замена за правата да го користи неговото лице за новата линија хуманоидни роботи.

За компанијата работи лондонски стартап „Џиомик“, кој ќе избере едно лице и ќе го стави неговото лице на илјадници хуманоидни роботи што треба да служат како виртуелни придружници за постарите. За овој проект нема многу детали, а можеме само да замислиме какви ќе бидат резултатите.

Од стартапот истакнаа дека роботичката компанија побарала да најдат ново лице, но дека потпишале договор кој ги спречува да откриваат детали за тоа кој точно ќе ги откупува правата на нечие лице.

Одредени медиуми шпекулираат дека компанијата веројатно е од областа на медицината. Од стартапот, пак, истакнаа дека роботите се речиси подготвени да бидат извадени на пазарот и дека сè што им треба е пријателско лице, а тоа ќе биде откриено наскоро.

Ако некој што ќе го прати неговото лице на faces@geomiq.com биде избран, ќе биде известен за деталите за тоа што точно потпишува.

Од „Џиомик“ истакнаа дека знаат дека ова е екстремно уникатно барање и потенцијално екстремно голема одлука, но ги повикаа сите заинтересирани да испратат фотографија.