Корисник на „Јутјуб“ покажува трик за прецизно сечење стакло со ножици

Корисник на „Јутјуб“ покажува трик за прецизно сечење стакло со ножици

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали некогаш сте се обиделе да сечете стакло? Не треба да се нагласи дека тоа претставува предизвик. Но се чини дека има начин за сечење стакло со обични ножици.

Корисникот на „Јутјуб“ - Ди Екшн Леб покажува како се прави тоа во едно видео. Тој сече парче стакло обоено во црвена боја за да се гледа на камерата.

Го става стаклото во вода и успева прецизно да исече делови од него со ножици. Во видеото се гледа дека тој работи со вистинско стакло бидејќи се обидува да го исече и надвор од водата.


Автор: Лукија Пападопулос
Извор: interestingengineering.com