МОН ги објави резултатите од конкурсите за ученички стипендии

МОН ги објави резултатите од конкурсите за ученички стипендии

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2020/2021 година.

На страницата на МОН може да се најдат резултати од повеќе конкурси, меѓу кои и оној за доделување сто стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта, од конкурсот за доделување сто стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта, од конкурсот за доделување сто стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта итн.

На страницата под секој конкурс се поставени линкови од прифатените и одбиените апликации, како и од оние што не се рангирани, доколку има такви.

ТУКА можете да ги видите сите резултати.