Португалија ја затвори последната електрана на јаглен, 9 години пред рокот

Португалија ја затвори последната електрана на јаглен, 9 години пред рокот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Португалија ја затвори последната електрана на јаглен во текот на викендот, и тоа 9 години пред крајниот рок поставен од земјата. Со тоа земјата престанува со производство на електрична енергија од јаглен. Таа е четврта земја во Европската Унија што ги затворила сите електрани на јаглен, по Белгија, Австрија и Шведска.

Последната електрана на јаглен што се затворила во Португалија била втор најголем загадувач на воздухот во земјата. Според целите на Португалија, земјата требало да престане да користи фосилни горива за производство на струја до 2030 година.


Фото: Pixabay

 60-70% од електричната енергија што се троши во Португалија доаѓа од обновливи извори на енергија, но Португалија сè уште увезува фосилни горива.

Експертите од Португалија стравуваат дека приватната електрана на јаглен што била затворена викендов би можела да биде трансформирана за да гори дрвени пелети.

Извор: CNN
Фото: Pixabay