Алкарас го запали интернетот со фотографија од неговиот дом

Алкарас го запали интернетот со фотографија од неговиот дом

Еден од најдобрите тенисери на денешницата на „X“ објави фотографија како гледа тенис во неговиот дом и предизвика бура од реакции. 

Имено, освен што вредните трофеи му се наредени на обични полици и мебелот не е спектакуларен, Алкарас пред телевизорот има маса на која има мушама, која е секојдневна во домовите на Балканот, но ретко може да се види во домовите на луѓе како тенисерот. Мушамата особено го привлече вниманието на Балканците, кои и овојпат не потфрлија со досетливите шеги.

Сепак, имаше огромен број реакции и од другите корисници на социјалната мрежа, кои направија споредба со домовите кои ги имаат обичните луѓе наспроти успешниот тенисер.

Во продолжение можете да видите и дел од другите реакции.