За влијанието на ВИ врз македонскиот јазик, учебниците по англиски јазик и програмата, професорката Ана Соколова од Универзитетот во Салцбург... Што пишувавме неделава

За влијанието на ВИ врз македонскиот јазик, учебниците по англиски јазик и програмата, професорката Ана Соколова од Универзитетот во Салцбург... Што пишувавме неделава

„Не треба да водиме битка со вештачката интелигенција, туку треба да ја сметаме за сојузник затоа што е алатка“, вели Андријана Павлова од Институтот за македонски јазик

Во време кога технологијата сè повеќе го диктира ритамот на секојдневието, а вештачката интелигенција стана дел од нашите навики, се отвора прашањето како таа влијае врз македонскиот јазик? Сè повеќе луѓе се потпираат на Чет-ГПТ за пишување текстови, преводи, па и за толкување на литературни дела. Но, проблемите се јавуваат кога се прифаќаат неговите одговори без проверка, честопати полни со граматички грешки, несоодветен речник и неправилна употреба на македонскиот јазик.

Ана Соколова е професорка на Универзитетот во Салцбург: „Многу би сакала да видам студенти од УКИМ на нашите магистерски или докторски студии“


Ана Соколова e професорка на катедрата за компјутерски науки при Универзитетот во Салцбург. Годинава таа ја посети Македонија, а и студентите на ПМФ и одржа предавања на тема „Коалгебри“ во рамките на Еразмус+ програмата (Staff Mobility for Teaching), во рамките на предметот Алгебра 2. Соколова ни сподели дека имала одлични впечатоци од посетата на Институтот за математика при ПМФ во Скопје.


„Учебници по англиски јазик исто како да немаме, не одговараат на наставната програма“, реагираат наставници од основното образование

По осум години поминати без учебници, најавите дека годинава ќе ги добијат донесоа олеснување и надеж кај наставниците по англиски јазик во основните училишта. Но, откако пристигнаа, разочарувањето се врати. Велат дека повторно мора сами да се снаоѓаат со наставни материјали за да ги предадат лекциите зашто учебници исто како да немаат. Наставниците реагираат дека од прво до деветто одделение учебниците не соодветствуваат со наставната програма на Бирото за развој на образованието.