Европски чекор за македонското високо образование: Brainster Next - полноправна членка на EURASHE

Европски чекор за македонското високо образование: Brainster Next - полноправна членка на EURASHE

Македонското високо образование бележи значаен исчекор - Brainster Next стана првата и единствена високообразовна институција од Македонија примена како полноправна членка на EURASHE – најголемата европска мрежа на применети универзитети.

Со ова членство, Brainster Next станува дел од европската заедница што активно го обликува развојот на применетото високо образование, како модел кој ги става практичната настава, поврзаноста со индустријата и реалната вработливост на студентите во фокусот на образовниот процес.

EURASHE е основана во 1990 година, со седиште во Брисел, и обединува над 600 институции од над 30 европски земји. Како релевантен партнер на европските образовни политики, организацијата има клучна улога во унапредувањето на квалитетот, иновациите и применливоста на високото образование во Европа.

Полноправното членство на Brainster Next во EURASHE овозможува системско унапредување на квалитетот и релевантноста на образованието преку:

- директен пристап до европски добри практики и модели на применето
образование,
- активно учество во меѓународни академски и истражувачки заедници,
- вклученост во европски проекти и образовни иницијативи,
- усогласување со најновите европски политики и стандарди за квалитет,
- континуирано унапредување на наставните програми и студентското искуство.

Целта на овие процеси е создавање образовна средина која одговара на динамичните промени на пазарот на труд и на потребите на новите генерации студенти.

- Членството во EURASHE, како единствена членка од Македонија, претставува дел од пошироката стратешка ориентација на Brainster Next кон активно и суштинско вклучување во европскиот образовен простор преку практично високо образование кое носи долгорочна вредност за студентите и општеството. Знаењата и искуствата стекнати преку оваа европска соработка ќе бидат постепено интегрирани во додипломските програми на Brainster Next, со цел понатамошен развој на применетото високо образование во Македонија - објаснува Александар Клашниновски, извршен директор на Brainster Next.

Во јуни 2026 година Brainster Next ќе учествува на 35. годишна конференција на EURASHE што ќе се одржи на Amsterdam University of Applied Sciences, каде што ќе биде претставен моделот на институцијата како пример за современ пристап во применетото високо образование, со силен акцент на практичната настава и реалните индустриски проекти.

Во услови на зголемен интерес за практично ориентирано високо образование и работа во селектирани групи, Brainster Next - првиот практичен факултет за дизајн и софтверско инженерство во Македонија, годинава воведува и ран уписен рок со финансиска поволност – како дел од поширокиот пристап за планирано и одржливо вклучување на идните студенти во образовниот процес.

(Комерцијална објава)