Устата и срцето се поврзани - заболувањата на непцата се поврзани со ризик од срцеви заболувања

Устата и срцето се поврзани - заболувањата на непцата се поврзани со ризик од срцеви заболувања

Подготвил: Билјана Спиркоска

Лектор: Ивана Кузманоска

Извештај на Комитетот за превенција на кардиоваскуларни болести при Американското здружение за срце го зајакнува тврдењето дека одржувањето на здравјето на непцата помага во заштитата од срцеви заболувања.

Нивниот извештај, кој се темели на децениска литература, ажурира научна изјава од 2012 година обезбедувајќи уште посилни докази дека срцевите проблеми предизвикани од затнати артерии (атеросклероза) се тесно поврзани со пародонталните болести. Како дел од нивната ревизија, истражувачите ги разгледувале можните причини за врската, вклучувајќи ја и веројатноста бактериите да влегуваат во телото преку изложени и оштетени непца, придонесувајќи за хронично воспаление.

- Твојата уста и твоето срце се поврзани. Болестите на непцата и слабата орална хигиена може да овозможат бактериите да влезат во крвотокот, предизвикувајќи воспаление што може да ги оштети крвните садови и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања - вели детскиот кардиолог Ендрју Тран.

Еден голем предизвик за луѓето што ја проучувале оваа врска е тоа што толку многу фактори на ризик - од пушење до старост и дебелина - ги зголемуваат шансите и за заболувања на непцата и за атеросклероза. Сепак, се појавувале нови докази кои сугерирале дека има независна врска меѓу двете состојби.

Атеросклерозата е причина број еден за смрт на глобално ниво и ако подобрувањето на оралната хигиена потенцијално би можело да биде еден начин за нејзино запирање, тогаш тоа вреди да се истражи.

Некои од студиите вклучувале анализи кои се враќале и до детството, па било утврдено дека грижата за забите на млади години може да ги намали ризиците од срцеви проблеми подоцна во животот.

Секако, има многу други бенефити што доаѓаат со одржувањето добра орална хигиена, па ако вечерва пред да си легнете ве мрзи да си ги измиете забите, помислете на ова.

Студијата е објавена во „Сиркулејшн“.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik