Оглас за вработување во Контекст. Отворени се повеќе работни позиции
Контекст, приватна агенција за посредување при вработување има потреба од работници на следните позиции:
1. KООРДИНАТОР НА ПРОГРАМИ ЗА КУЛТУРНА РАЗМЕНА
Доколку сакате предизвик, лесно се приспособувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место координатор на програми за културна размена и образование, со полно работно време (09:00 – 17:00 ч).
Одговорности и задачи:
o Презентација на програмите за културна размена и образование
o Препознавање и дефинирање на потребите на клиентите
o Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти и партнери
o Изготвување потребна документација
o Евидентирање на кандидати и соодветната документација
o Поставување приоритети при работењето
o Придржување кон куси временски рокови поврзани со работните задачи
Потребни квалификации:
o Германски јазик ниво Б2 (пишан и говорен)
o Активно познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
o Универзитетска Диплома (пожелно)
o Претходно работно искуство со странки
o Претходно учество во програма за културна размена / програма за привремена работа во странство (пожелно)
o Претходно работно искуство во Call Center (пожелно)
o Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите
Личен профил:
o Трпеливост, непристрасност и љубезност спрема странки
o Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети
o Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник
o Одлични комуникациски и презентерски вештини
o Амбициозност и мотивираност, со желба за континуиран напредок и обука
o Ориентираност кон клиентите и одржување добри професионални односи
2. ПРОФЕСОР ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
Доколку сакате предизвик, лесно се приспособувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место: Професор по германски јазик .
Одговорности и задачи:
o Изготвување на месечен и годишен оперативен план и програма согласно потребите на училиштето и слушателите на курсот;
o Препознавање и дефинирање на потребите на слушателите на курсот;
o Евидентирање на присутност, евалуација на напредок на слушателите.
Потребни квалификации:
o ВСС – дипломиран професор по германски јазик и книжевност – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 Степен;
o Претходно работно искуство како професор (Предност ќе имаат кандидатите кои имаат претходно искуство со наставен материјал од областа на медицината, гастрономијата и електро-техниката);
o Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите.
Прелиминарни услови:
Првиот месец кандидатите ќе бидат на обука. Контекст го задржува правото да не се одлучи да го задржи кандидатот во првите 30 дена, доколку кандидатот не покаже соодветни способности.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, испратете го Вашето CV со назнака за KООРДИНАТОР НА ПРОГРАМИ ЗА КУЛТУРНА РАЗМЕНА/ ПРОФЕСОР ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК на
vrabotuvanje@kontext.mk.
Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.