Вака изгледа молња гледана од Меѓународната вселенска станица

Вака изгледа молња гледана од Меѓународната вселенска станица

Подготвил: Драгана Петрушевска

Опремата за фотографирање громови што се наоѓа на Меѓународната вселенска станица направила видео од гром под станицата, пренесува „Фјучуризм“.

Видеото треба да им помогне на научниците да истражуваат како се создаваат громовите и како невремињата може да стакленички гасови низ атмосферата, се вели во истражување објавено во списанието „Нејчр“.

За сите други, видеото нуди поглед на невреме од перспектива која не е видена досега. На видеото се покажува необичен феномен на сина молња која се издигнува нагоре од облаците до највисоките делови од стратосферата.

Потоа се гледаат кругови на електрична активност што се шират од невремето кон јоносферата. Овие молњи и кругови не може да се забележат лесно бидејќи поминуваат многу бргу, а уште потешко е нивното истражување.



Целото видео може да го погледнете овде.


Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com 
Фото: Screenshot/Twitter