Што треба да знаете за 95. издание на „Оскарите“

Што треба да знаете за 95. издание на „Оскарите“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Оскарите“ се подготвуваат да го прослават 95. роденден

Претстојните 95. „Оскари“ ќе обележат речиси еден век кинематографска извонредност, со церемонија за која извршниот директор на Академијата, Бил Крамер, неодамна изјави дека ќе им оддаде почит и на најдобрите филмови на годината и на оваа историска годишнина.

- Енергијата околу шоуто треба да се чувствува како масовна прослава на киното и наградите - нашето наследство, нашите уметници, нашите филмови, нашата иднина. 95. издание ни дава одлична можност да го споиме неверојатното наследство на „Оскарите“, разновидната и моќна работа што ја работиме во Академијата и нашата визија за иднината - објасни Крамер.

Кога и каде ќе се одржи 95. издание на „Оскарите“?


Недела, 12 март 2023 година, во живо во театарот „Долби“. Церемонијата ќе се емитува во живо на каналот Еј-би-си и на повеќе од 200 територии во светот.

Кој е домаќин?

Џими Кимел, кој претходно беше домаќин на „Оскарите“ во 2017 и 2018 година, така што ова му е трето водење на церемонијата.

- Неговата љубов кон филмовите, стручноста за ТВ во живо и способноста да се поврзи со нашата глобална публика ќе создаде незаборавно искуство за нашите милион гледачи низ светот - изјави Крамер.

Кои филмови се номинирани?


Номинациите ќе бидат објавени во текот на денешниот ден. Презентирањето на номинациите ќе се пренесува во живо преку „Твитер“, „Фејсбук“, „Тик-ток“ и „Јутјуб“.

Кој е продуцент на шоуто?

Глен Вајс и Рики Киршнер се извршните продуценти на овогодишното шоу. Исто така, Вајс осма година по ред е режисер.

Извор: Aframe.oscars.org
Фото: Aframe.oscars.org/Screenshot