Јапонски град добил анонимна донација од 21 кг злато за поправање на водоводната мрежа

Јапонски град добил анонимна донација од 21 кг злато за поправање на водоводната мрежа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Градот Осака доби значајна донација за да ја поправи застарената водоводна мрежа - 21 килограм злато во плочки.

Златните плочки, со проценета вредност од 3,6 милиони долари, биле подарени од лице кое сакало да остане анонимен, изјави градоначалникот на Осака, Хидејуки Јокојама.

Со речиси три милиони жители, Осака е комерцијален центар во јапонската регион Кансаи и третиот по големина град во земјата.

Како и во многу други јапонски градови, водоводните и канализациските цевки во Осака се стари, што станува сè поголема причина за безбедносни грижи.

Во 2024 година градот регистрирал повеќе од 90 случаи на протекување на водоводните цевки под улиците.

- Справувањето со стареењето на водоводните цевки бара огромни инвестиции. Затоа можам да изразам само благодарност - рече Јокојама одговарајќи на прашање за големата донација, додавајќи дека истата мистериозна личност претходно имала донирано речиси 3.500 евра во кеш за општинскиот водовод.

Според локалните медиуми, повеќе од 20 отсто од јапонските водоводни цевки ја надминале законската работна возраст од 40 години.

Пукнатините во земјата стануваат сè почеста појава во јапонските градови, а голем дел од нив имаат застарена канализациска инфраструктура. Минатата година огромна пукнатина во префектурата Сајтама проголта кабина на камион, при што загина возачот. Се верува дека тоа било предизвикано од пукање на канализациска цевка.

Овој настан ги поттикна јапонските власти да ја зголемат замената на кородираните цевки низ целата земја, но проблеми со буџетот ја забавија реализацијата на овие проекти.

Извор: BBC
Фото: Freepik