Кастинг: Се бараат музичките Биби и Боби!

Кастинг: Се бараат музичките Биби и Боби!

„Светот на Биби“ објавува јавен кастинг за новата музичко-едукативна емисија за деца:

ЈЕЕЈ! Детско музичко шоу

Бараме талентирани лица кои ќе ги оживеат омилените ликови Биби и Боби - со музика, песна и актерска енергија.

КАСТИНГ ЗА БИБИ (женски лик)

- пее (задолжително)
- свири пијано (задолжително)
- има музичко знаење и чувство за ритам
- има топол глас, јасна дикција и позитивна енергија
- е природна пред камера и знае да „влезе во лик“
- актерско/водителско искуство е плус

КАСТИНГ ЗА БОБИ (машки лик)

- пее (задолжително)
- свири гитара (задолжително)
- има сценски настап и харизма
- е весел, комуникативен и забавен
- има чувство за ритам и интеракција со деца
- актерско/водителско искуство е плус

ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ВИДЕОТО?

Испратете видео (до 2 минути) во кое ќе има:
- кратко претставување (име, возраст, искуство)
- актерска изведба (30 секунди како да зборувате со деца)
- пеење и свирење (рефренот од песната „Јас сум ваша Биби“ (линк), за Боби - рефренот од песната „Сакам да си играм“ (линк))

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Испратете го видеото преку линк (WeTransfer или SwissTransfer) заедно со кратка биографија и контакт телефон на следнив е-маил: info@svetotnabibi.mk со наслов: Кастинг за Биби и Боби

Пријавувањето трае до 8 март.