Кога станува збор за заштита на животната средина, присуството на жените е важно

Кога станува збор за заштита на животната средина, присуството на жените е важно

Подготвил: Тамара Гроздановски

Koга повеќе жени се инволвирани во групни одлуки за природната средина, тогаш светот има придобивки, вели најново истражување.

Спроведено од Универзитетот во Чикаго, во истражувањето биле вклучени членови што учествувале во процесот на донесување одлуки за управување со шумите од три земји во развој. Резултатите покажале дека групите со 50/50 мажи и жени зачувувале повеќе дрвја.

Истражувачите велат дека истражувањето го нагласува начинот на кој родовите квоти за локалните владини тела можат да помогнат во намалување на глобалното уништување на шумите и во подобрување на родовата нееднаквост.

- Кога креаторите на политиката размислуваат што да направат за да ја зголемат конзервацијата низ целиот свет, родовите квоти не се појавуваат како остварлив политички инструмент - вели еден од истражувачите, Кристер Андерсон, професор по политички науки и истражувач на Институтот за бихејвиористичка наука.

sredina
Фото: iStock


- Истражувањата велат дека тие треба да го користат овој инструмент - додава тој.

За да се спроведе истражувањето, тимот патувал до 31 село во близина на колективно управувани шуми во Индонезија, Перу и Танзанија.

За време на нивното патување, тие организирале еднодневна игра во која локалните одлучувачи за шумите биле поделени во групи од осум лица. Од нив било побарано да донесат одлуки за тоа колку дрвја ќe соберат од споделена шума.

Половина од групите имале родови квоти што барале 50 отсто од учесниците да бидат жени, а половина мажи.

Во првата фаза на играта, сите учесници анонимно избирале колку дрвја ќе бидат сечени, со знаење дека ќе добијат мала исплата (5 токени) за секое дрво.

Но, во втората фаза им било кажано дека една надворешна организација ќе им исплати 160 токени како група, ако одлучат да не ги сечат дрвјата.

Истражувачите откриле дека групите во кои имало родова квота ја намалиле својата стапка на сечење дрвја за 52 отсто кога бил воведен поттикот. Во меѓувреме, контролната група без квота го намалило сечењето за само 39 отсто.

- Се чини дека родовата квота сама по себе не е таа што прави разлика, туку комбинација со поттикот за зачувување. Можеби жените имаат посилни еколошки преференции, но со самото нивно учество на групата ѝ дава сила да дејствува - вели Андерсон.

Истражувањето откри дека нема разлики во резултатите кога избраниот лидер бил маж или жена. Но, ако повеќето членови во групата биле жени, тогаш помалку дрвја биле сечени.

- Кога станува збор за заштита на животната средина, присуството на жените е важно - додава Андерсон.