Необична машина за пишување музика од 50-тите

Необична машина за пишување музика од 50-тите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Вуди Ален еднаш кажа дека сите скрипти ги напишал на машина за пишување. Денес ваквите машини се враќаат во мода, а една од најпосакуваните е „Китон мјузик“.

Машината првпат била патентирана во 1936 година, а била дизајнирана и произведена да создаде музички нотации, а не букви и броеви.

Оригиналниот патент била машина со 14 копчиња, а подоцна биле додадени 33 копчиња и целиот патент бил подобрен во 1953 година. Почнала да се продава во 50-тите години за околу 255 долари (денешни 2.415 долари).

1
Фото: Mass1m01973


- Едната тастатура е приспособена да пишува една класа на музички карактери, а втората за друга класа на музички карактери - напишал Китон.

Корисниците на уредот контролираат каде се пишуваат нотите и карактерите на страницата со помош на закривен метар од левата страна и со она што Китон го нарекол „Индикатор за поместување на скалата“ и „Индикатор за промена на скалата“. Со поместување на рачката нагоре или надолу се приспоосбува машината.

2
Фото: Mass1m01973

За да се осигури дека корисникот ќе гледа каде пишува, Китон вклучил и долга игла до лентата која не остава ништо на случајноста. Интересно, двете тастатури работат на различни начини со „Индикаторот за поместување на скалата“. Поголемата тастатура со ноти, скали се движи слободно во тандем со „Индикаторот за поместување на скалата“. Помалата тастатура останува в место бидејќи нејзините карактери секогаш се појавуваат на истото место во однос на линиите.

Се смета дека останале само десетина вакви машини, а ако се во работна состојба, на онлајн-аукциите достигнуваат околу 6.000 до 12.000 долари.

3
Фото: Mass1m01973