Во просториите на Славјански промовирани два нови романи на писателот Јован Дамјановски
Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ беа промовирани два најнови романи од писателот Јован Дамјановски.
Промоцијата започна од 19:00 часот. За романот „Благослов или проклетство“ што минатата година го издаде „Меѓународен центар за славјанска просвета“ од Свети Николе зборуваше Проф. Д-р Јордан Ѓорчев, а за романот „Глобалните ѕвезди на небото“ што го издаде издавачката куќа „Напредок“ од Тетотво зборуваше Проф. Д-р Христо Петрески.
На вечерта учествуваше и познатата пејачка група „Шербет“ од Тетово.