Син ми има другарче во градинка кое му се заканува дека ќе го тепа ако не го слуша. Како да го научам да не му се плаши?

Син ми има другарче во градинка кое му се заканува дека ќе го тепа ако не го слуша. Како да го научам да не му се плаши?

Јас сум мајка на 6-годишно машко дете. Посетува градинка и таму има едно другарче со кое цел ден се заедно и прават лоши работи. „Другарчето“ му вели дека ако не го слуша, ќе го тепа, а и вистина го тепа. Постојано разговараме дека не смеат да прават глупости и лоши работи, го казнивме, му сокривме играчки и му скративме интернет и телевизија, но сето тоа е безуспешно. Разговарано е со негувателките и тие велат дека им кажале на неговите родители, но сѐ е залудно. Проблемот е што понатаму, како да го научам детето дека сите деца се исти, дека никој не е главен во градинката или школото и нема потреба да се плаши? Ве молам за помош, навистина не знам како да постапам.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк