За Мартин Георгиевски, советник за признавање странски дипломи во Германија, барањата на ФИНКИ, учениците Роми во средно... Што пишувавме неделава?

За Мартин Георгиевски, советник за признавање странски дипломи во Германија, барањата на ФИНКИ, учениците Роми во средно... Што пишувавме неделава?

Предлог-законот за средно воведува медијатори за учениците Роми: Од 10.256 во сите основни училишта пред две години само 1.525 продолжиле во средно

Ангажирање образовни медијатори за учениците Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства или подолго време се надвор од образовниот систем се предвидува во новиот предлог-закон за средно образование. Предлагач е Министерството за образование и наука, а текстот беше утврден на владина седница одржана на 16 јануари годинава. Доколку законот биде донесен, ова ќе биде првпат државата да ангажира образовани медијатори за Ромите во средните училишта, додека во основните веќе ги има четириесетина кои обезбедуваат дополнителна поддршка за учениците во општините со поголем број деца од ромската етничка заедница.

ФИНКИ 13 години одржува настава во 8 објекти и бара Владата да го исполни повеќепати даденото ветување

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) уште од своето формирање се соочува со просторни проблеми. Ненаоѓањето решение од надлежните институции и Владата особено лошо се одразува врз квалитетот на одржување на наставата, а го спречува и соодветниот развој на факултетот. Изградбата на објектот кој беше наменет за ФИНКИ долго време е стопирана, не се презема ништо за нејзино повторно активирање. Владата не одвои буџет ниту во тековната 2024 година и Управата на факултетот постојано прави напори за изнаоѓање привремено решение за ФИНКИ да функционира нормално.


Некогаш на неодобрување наидуваа изразите од типот „со карот шетавме низ стритот“ на македонски иселеници кога ќе се вратеа во родниот крај. За жал, денес голем дел од децата, иако растат и се образоваат во Македонија, на сличен начин употребуваат странски зборови додека зборуваат македонски. „Не ти лајкнувам, ме фоловна, кринџ си, те хејтаат на интернет, свична, римувна, го блокнаа, апдејтна“- се само дел од погрешните изрази што ги користат младите под влијание на странските јазици, додавајќи им наставки и кратки заменски форми од македонскиот јазик. На ова се додаваат и туѓите изрази кои кога ќе ги преведат на наш јазик, звучат нелогично, на пример: „Tоа не може мојот ум да го зграпчи“ и слично.

Мартин Георгиевски е стручен советник за признавање странски дипломи во Германија: „Сакам да го споделам моето искуство со оние што планираат да се преселат“

Ние сме првата станица на патот до признавање на странските квалификации - факт кој не им е познат на многу баратели за признавање на нивните квалификации. Голем дел од нив ги испраќаат нивните документи директно до институцијата одговорна за тоа без претходно да се обратат кај нас, со што се изложуваат на непотребни финансиски трошоци и ја губат можноста за нивно покривање, истакнува Мартин