Нова серија за која сите зборуваат: Убиство ги открива тајните на три пријателки
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во новиот психолошки трилер на „Епл ТВ+“ - „Несовршени жени“ (англ. Imperfect women), ништо не е како што изгледа на прв поглед во односот меѓу три долгогодишни пријателки: Мери (Елизабет Мос), Елеонор (Кери Вашингтон) и Ненси (Кејт Мара).
Серијата од осум епизоди, базирана на истоимениот роман на Араминта Хол, почна да се прикажува на 18 март. Дејството ја следи навидум нераскинливата врска меѓу трите пријателки, која се става на тест откако Ненси е убиена, а Елеонор и Мери се принудени да се соочат со тајни стари со децении.
За што станува збор во серијата?
„Несовршени жени“ истражува злосторство кое се заканува да ги уништи животите на три долгогодишни пријателки. Овој напнат трилер се занимава со вина и одмазда, љубов и предавство, како и компромисите што ги правиме и кои неповратно ги менуваат нашите животи. Како што се продлабочува истрагата, се открива дека дури ни најцврстите пријателства не се такви какви што изгледаат.
Оцените на популарните филмски платформи покажуваат дека серијата засега не ги воодушевила гледачите. На „IMDb“ има оцена 5,5 од 10, додека на „Ротен томејтос“ има 42 отсто позитивни критики од критичарите и 35 отсто од публиката.
Фото: Screenshot/YouTube