За пет години генетички уредена храна ќе се најде во нашите чинии

За пет години генетички уредена храна ќе се најде во нашите чинии

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Џенифер Дудна, еден од изумителите на CRISPR, мисли дека знае која примена на моќната алатка за уредување на гени ќе биде првата што ќе ги погоди обичните луѓе и тоа нема никаква врска со лекување болести.

- Мислам дека во следните пет години најслабото нешто што ќе го видиме кога станува збор за ефектите на CRISPR врз секојдневниот живот на луѓето ќе биде во земјоделскиот сектор - вели Дудна.

Таа CRISPR берба има потенцијал да помогне во решавањето проблеми како глад или дебелина.

Сепак, најпрвин да разјасниме: генетички уредената жетва е многу поразлична од контроверзните генетички модифицирани организми, попознати како ГМО.

Додека во генетичката модификација е вклучено мешање и спојување на гени од различни организми, уредувањето на гените вклучува правење промени на геномот на еден организам, што може да се направи преку природна мутација.

Веќе видовме неколку примери за тоа како истражувачите ја користат CRISPR-техниката за да им дадат корисни карактеристики на растенијата - тие изменија домати за да осигурат поголем род, печурки за да спречат потемнување и соја за да спречат создавање на трансмасти.

Само овие три примери го илустрираат потенцијалот на техниката да ни дава повеќе храна која трае подолго од онаа што сега ја консумираме и ако Дудна е во право, многу скоро би можеле да ја видиме таа храна во нашите чинии.