Технолошкиот напредок го достигнал врвот во 2018, велат научниците

Технолошкиот напредок го достигнал врвот во 2018, велат научниците

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Нови пресметки покажуваат дека технолошкиот напредок го достигнал врвот на почетокот од 21 век и наскоро повторно ќе биде забрзан, но ќе биде побавен во втората половина од овој век.

Истражувачите сметаат дека промените во брзината на напредувањето се поврзани со глобалните демографски фактори, како стареењето на населението. Историјата на цивилизацијата може да се смета за историја на научни и технолошки достигнувања, особено во информациската технологија.


Фото: Pixabay

Андреј Коротајев од Високата економска школа во Москва и други истражувачи направиле квантитативна анализа на динамиката на технолошкиот напредок од 40.000 години пр.н.е. до денес, а направени се и претпоставки за напредокот до крајот на 22 век. Анализата била заснована на главните циклуси во човековата историја. Секој од овие циклуси некогаш го достигнал својот врв.

Научниците сметаат дека врвот во втората фаза на таканаречената сајбер-револуција веќе бил достигнат во 2018. Според нив, во 2030 напредокот би требало повторно да забрза, а со тоа ќе се означи и почетокот на третата фаза од сајбер-револуцијата, која може да биде ера на „паметни“ автономни системи.


Фото: Pixabay

Во четвртата фаза, до 2055, овие системи ќе почнат брзо да се подобруваат и ќе играат главна улога во производството, а медицината ќе биде најразвиена. Клучна за технолошкиот напредок ќе биде промената во врска со стареењето на населението, според истражувачите.

Извор: eurekalert.org