Како бесплатно да ги исклучите рекламите на „Јутјуб“?
„Јутјуб“ воведе нова функција која им овозможува на гледачите привремено да ги запрат рекламите за време на преноси во живо, и тоа преку активност во четот.
Новиот систем препознава кога атмосферата е „вжештена“ и автоматски ги блокира рекламите. Оваа опција беше официјално најавена на 13 април како нов начин за намалување на прекините што го нарушуваат уживањето во видеото.
Гледачите сега можат заеднички да спречат појава на реклами што не можат да се прескокнат и траат и до 30 секунди.
Кога системот ќе забележи голем број пораки во четот и високо ниво на активност, привремено ги исклучува сите реклами. Тоа значи дека колку повеќе учествувате во разговорот, толку е помала шансата да ве прекине реклама.
Оваа функција е достапна само ако креаторот на содржина има вклучено автоматски реклами на својот канал. Директорот на „Јутјуб“, Нил Мохан, вели дека оваа новост ќе го подобри корисничкото искуство и ќе им помогне на креаторите да ја задржат публиката.
Покрај групното блокирање, корисниците што испраќаат „Супер чет“ или дигитален подарок добиваат свој период без реклами.
На тој начин нема да пропуштите важни моменти, особено кога креаторот ви се заблагодарува за донацијата.
Исто така, „Јутјуб“ ја прошири можноста за испраќање дигитални подароци во повеќе земји низ светот.
Овие нови функции имаат цел да создадат поголема поврзаност меѓу гледачите и креаторите на содржина. Долго време корисниците бараа начин да избегнат реклами без да плаќаат сè поскапа премиум претплата.
Сега, наместо тоа, доволно е да бидете активен дел од заедницата и заедно со другите да ги „надмудрите“ рекламите.
Извор:
Atvbl.rs
Фото: Freepik