ОАЕ создава дожд преку систем од дронови

ОАЕ создава дожд преку систем од дронови

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) температурите редовно надминуваат 48 Целзиусови степени во најтоплите денови. Но во неделата националниот метеоролошки сервис на земјата објавил видео од големи дождови.


Станува збор за систем на облаци кој има цел да создава дожд во земјата. ОАЕ инвестирале 15 милиони долари во 9 различни проекти за правење дожд во 2017 г. за да го решат проблемот на земјата со слабите врнежи.

Еден систем кој бил тестиран користи дронови кои поттикнуваат дожд со електрично полнење на облаците. Проектот се обидува да поттикне спојување на капките кога ќе добијат електричен пулс. Кога капките се доволно големи, тие паѓаат како дожд.

Извор: Independent 
Фото: Pixabay