Зошто Доха ги обојува улиците во сина боја?

Зошто Доха ги обојува улиците во сина боја?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Управата за јавни работи на Катар заедно со јапонска компанија почна да реализира експериментален проект на обојување на улиците во центарот на Доха во сина боја. Еве зошто...

Градската управа на главниот град на Катар, Доха, почна да ги обојува градските патишта во сина боја, во рамките на проектот за борба против екстремните горештини.

- Температурата на темниот асфалт е за 20 Целзиусови степени повисока од реалната температура, бидејќи црното привлекува и зрачи топлина - изјави градскиот инженер на Доха, Саад ел Досери.

Според неговите зборови, обојувањето на асфалтот ќе помогне да се намали температурата за 15-20 степени, но и да се зголеми животниот век на облогата.

Моментално патиштата се обоени само на една од централните улици на градот, каде што поради недостиг на дрвја, температурата може да достигне и до 50 степени.