Ќе се зголемат платите на стручните работници во заштитата на културното наследство

Ќе се зголемат платите на стручните работници во заштитата на културното наследство

За 134 лица од национални и од локални установи од областа на културата е добиена согласност за зголемување на платите по основ на стекнати стручни звања од областа на заштитата на културното наследство, извести денес Министерството за култура.

Оттаму објаснуваат дека преку Министерството за финансии се обезбедени средства за надминување на проблемот со валоризација на стручните работници во областа на заштита на културното наследство и реализација на нивните законски права.

- На овој начин ќе се надмине долгогодишниот проблем и ќе биде извршена корекција на платите за вработените во 21 национална установа и во осум локални, по основ на стекнати стручни звања. Тие ќе бидат распоредени на соодветни работни места во установите од областа на заштитата на културното наследство, согласно со законот - информира Министерството за култура.

Се уште не се знае за колку и од кога ќе се зголемат платите во оваа дејност.